Во 2012-та се забележува значително забавување на растот на економијата како резултат на слабата домашна, но и на надворешната побарувачка. Активностите се намалија во првата половина на годината, но обновената градежна активност придонесе за позитивен тренд во втората половина, при што се очекува растот за целата година да биде нула. Активностите се очекува да се зголемат во 2013 година и да се постигне раст од 2%, поттикнат од приливот на странски директни инвестиции и јавните инфраструктурни проекти. Ваква оценка изнесе Мисијата на ММФ предводена од Иванна Владкова Холар која од 12 до 17 декември престојуваше во Скопје. Надворешната стабилност е задржана и покрај тешката надворешна средина. Неодамнешните странски директни инвестиции во секторот за размена ја зајакнаа флексибилноста на извозот: извозот на нафтени производи се намали за помалку од 1% во првите 10 месеци од оваа година, споредено со истиот период лани.
Во 2012-та се забележува значително забавување на растот на економијата како резултат на слабата домашна, но и на надворешната побарувачка.
Активностите се намалија во првата половина на годината, но обновената градежна активност придонесе за позитивен тренд во втората половина, при што се очекува растот за целата година да биде нула. Активностите се очекува да се зголемат во 2013 година и да се постигне раст од 2%, поттикнат од приливот на странски директни инвестиции и јавните инфраструктурни проекти. Ваква оценка изнесе Мисијата на ММФ предводена од Иванна Владкова Холар која од 12 до 17 декември престојуваше во Скопје.
- Надворешната стабилност е задржана и покрај тешката надворешна средина. Неодамнешните странски директни инвестиции во секторот за размена ја зајакнаа флексибилноста на извозот: извозот на нафтени производи се намали за помалку од 1% во првите 10 месеци од оваа година, споредено со истиот период лани. Силните приватни трансфери овозможија да се одржи тековната сметка во 2012 на нешто под 3% од БДП. Резервите благо пораснаа и остануваат на адекватно ниво од 2,1 милијарди евра - стои во оценката на ММФ.
За Фондот е за поздравување јавното признание на Владата за заостанатите обврски и расчистувањето на задоцнетите плаќања на јавниот сектор ќе придонесе за поттикнување на ликвидноста и платежната способност на претпријатијата. Банките остануваат добро капитализирани и ликвидни, со целосно резервирани нефункционални кредити како и со коефициент на кредитите во однос на депозитите, на ниво под 1.
- Кредитниот раст веројатно ќе остане на умерено ниво во 2013 година, со оглед на продолжувањето на несигурностите околу состојбите, како и со оглед на одржувањето на висока неподготвеност на банките да преземаат дополнителни ризици. Главниот ризик е интензивирањето на кризата во еврозоната што може да доведе до притисоци врз тековната сметка, надворешното финансирање и ликвидноста на банките. Властите се целосно претпазливи околу таквите ризици. Со цел за олеснување на ризиците околу надворешното финансирање, се очекува комерцијален кредит поддржан со гаранција од Светска Банка, на почетокот од следнава година - е оценката на Фондот.
Следната редовна посета на ММФ е планирана за пролетта 2013 година со цел одржување консултации по Членот 4.
- Очекуваме раководството на ММФ да препорача Пост-Програм Мониторинг за Македонија, т.е. процес на проширен мониторинг наменет за сите земји-членки кои имаат значителна преостаната финансиска поддршка од ММФ по истекувањето на нивните аранжмани - се вели во соопштението од ММФ.